Skip to content Skip to navigation
Торино, 28 јули 2023

ФИАТ се потврдува на водечкото место по обем на продажба во Стелантис во првата половина на 2023 година, а на глобално ниво продажбата порасна за 10% во споредба со минатата година

Во првото полугодие од 2023, марката ФИАТ го потврди лидерството во светски рамки со значајни резултати.

Оливие Франсоа, извршен директор на ФИАТ и Маркетинг директор на светско ниво на Стелантис, вели: „Во текот на изминатите две години имавме успешно патување со Стелантис, правејќи го ФИАТ најпрофитабилна и најраспространета марка од кога и да е досега. Оваа година ФИАТ уште еднаш го потврди својот успех во светски рамки, значително придонесувајќи за одличните резултати на Групацијата. ФИАТ го зазема првото место по обемот на продажба на Стелантис, во првата половина на 2023 година со 645.000 возила, односно +10% на светско ниво во споредба со минатата година. ФИАТ е лидер на 3-те големи пазари - Бразил, Италија и Турција - во 3 различни региони од светот, со повеќе од 50% од вкупниот број на продадени возила надвор од националната територија, и ова е единствен пример во автомобилскиот сектор. Освен ова, ние сме водечки фактор во преминувањето кон одржлива градска мобилност благодарение на нашиот Нов 500 - 100% електрична икона низ целиот свет - кој е и првиот електричен градски автомобил во Европа. Имаме намера да продолжиме да чекориме по патеката на електрификација со лансирањето на ФИАТ Topolino и Новиот ФИАТ 600e, кои се првите нови модели базирани на платформата Стелантис. Токму благодарение на синергиите и можностите присутни во Групацијата, во следните 3 години нашиот план за производство ќе го врати ФИАТ на своето место: лидер, референтна точка, посакувана марка“.

Во првата половина на 2023 година, ФИАТ ја покажа својата сила и уникатност благодарение на добро избалансираната географска распределба на продажбата што ја прави марката поотпорна и антицикличен. Тој е убедливо најпродавана марка во Јужна Америка, со учество на пазарот од 14,1% и апсолутен е лидер во Бразил, најважниот неевропски пазар за италијанската марка во светски рамки, со пазарно учество од 22%. Исто така, ФИАТ Strada е второ најпродавано возило во Бразил и прво меѓу лесните комерцијални возила.

Извонредни резултати се постигнати и во Европа, каде што марката забележа 271.800 продадени возила од 645.000 на светско ниво во првите шест месеци од 2023 година. Во Европа, каде што ФИАТ отсекогаш бил лидер на пазарот на градски автомобили, марката е апсолутен лидер во Италија, со пазарно учество од 12,8%, а иконата ФИАТ Panda е најпродаваниот автомобил на пазарот. Во Европа, Новиот 500 е најпродаваниот Стелантис BEV, најпродаваниот BEV во сегментите А и Б и меѓу првите пет во сите сегменти во Италија, Германија, Франција и Шпанија, како и најнаградуваниот ФИАТ од кога и да е.

Значајни резултати се постигнати и во регионот МЕА, особено на турскиот пазар каде ФИАТ е лидер со 18,2% пазарно учество, благодарение на ФИАТ Tipo, најпродаван модел во Турција. Понатаму, ФИАТ го отвори патот за своето понатамошно идно проширување во МЕА, враќајќи се во Алжир и поставувајќи ги темелите за производство на 500 Hybrid - првиот хибрид продаден во Алжир - и на Doblò во земјата, во фабриката Тафрауи - Орано, до крајот на 2023 година.