Skip to content Skip to navigation
Торино, 19 јануари 2024

Во 2023 година Фиат 500e беше лидер на пазарот на електрични градски автомобили во Европа – втора година по ред

  • Лидер во сегментот A+B BEV во Европа со учество на пазарот од 14,7%.
  • Прв во 5 земји - Италија, Германија, Шпанија, Белгија и Австрија - во сегментот на градските BEV автомобили.
  • Најпродаван BEV автомобил на Стелантис, Фиат 500e, се продава во 44 земји низ светот.

Во 2023 Фиат 500e го потврди првото место во Европа со врвни резултати во продажбата.

Оливие Франсоа, CEO на ФИАТ и CMO Global на Стелантис, изјави: “Фиат 500e го потврди својот успех уште еднаш, освојувајќи го сегментот на електрични градски автомобили во Европа втора година по ред. 500e забележа бројка од повеќе од 185.000 продадени возила ширум светот од неговото лансирање и игра важна улога во зелената транзиција на меѓународните метрополи. 500e моментално се продава во 44 земји во светот, со што го продолжува глобалното патување на Марката кон електрификацијата. Ние нудиме едноставни, интуитивни и општествено релевантни решенија, секогаш ставајќи ги потребите на нашите клиенти во центарот”.

Успехот на електричниот скапоцен камен на Фиат се потврди со брилијантните резултати од продажбата: од неговото лансирање во 2020 година, 500e е најпродаваниот електричен градски автомобил во Европа и најпродаваниот електричен автомобил на Групацијата Стелантис.

Минатата година 500e беше број 1 во Европа во сегментот A+B BEV со пазарно учество од 14,7%, поголемо за 0,3 бодови во споредба со 2022 година, и покрај падот на сегментот од -5%. И не само тоа, моделот се пласираше на прво место во Италија, Германија, Шпанија, Белгија и Австрија; втор во Франција и четврти во Португалија и Полска.

Во Европа, Фиат 500e се продаде во речиси 65.000 примероци.

Согледувајќи го вкупниот пазар на BEV, во контекст на зголеменото внимание кон еколошките прашања, во 2023 година 500e се пласираше на подиумот во Шпанија и во Мексико и на четвртото место во Франција и во Шпанија. Сметајќи го пазарот BEV на 10-те најголеми европски пазари, Фиат 500e се најде на четвртото место.

Дизајниран и произведен во Торино, 500e е симбол на италијанската креативност и ги освојува обожавателите на Made in Italy ширум светот. Неговиот успех го покажуваат и 42-те меѓународни награди, кои го прават најнаградуваниот модел на ФИАТ досега.

Минатата година, семејството на Фиат 500e дополнително се прошири со помалиот роднина, Topolino, и поголемиот, новиот 600e, за да ја комплетира електричната понуда на Марката и да го продолжи патот кон електрификацијата.