Friends link: air max 95 coogi

 


FIAT YAMAHA TEAM 2010

ФИАТ АВТОМОБИЛИ СЕ ВРАЌА ВО „СЕДЛОTO” СО FIAT YAMAHA TEAM 2010

 

Фиат Автомобили С.п.А. стартува со официјалниот Yamaha Team на светскиот шампионат во класата MotoGP, како Fiat Yamaha Team, и во сезоната 2010.

По триумфите во сезоните 2008 и 2009, во кои титулите светски шампион ги освои возачот Валентино Роси, со Fiat Yamaha Team, две светски титули за конструктори за Yamaha и  една титула за најдобар дебитант освоена во 2008, и едно апсолутно второ место во 2009 за младиот и талентиран шпанец Хорхе Лоренцо, ФИАТ АВТОМОБИЛИ со гордост може да ја започне сезоната со најконкурентниот тим во MotoGp, соединувајќи го уште еднаш светот на “четири тркала” со оној на  “две тркала” два бренда кои напишаа страници за паметење во историјата на трките и на светската индустрија.

                 

«Среќни сме што можеме да ја започнеме уште една сезона како ко-соработници на еден многу успешен двоец, врска која ги соединува Fiat со Yamaha, и нивните неверојатни возачи, Валентино Роси и Хорхе Лоренцо” вели Лоренцо Систино, Управителот на Фиат Автомобили СпА . Би рекол дека постои една иста вредност која ја поврзува нашата фирма со Yamaha. Пред сè тоа е извонредната технологија: тие се први во MotoGp и тоа од многу одамна, а ни се обидуваме да направиме “out of state of the art” како од технолошка гледна точка, така и во поглед на заштитата на човековата околина. А, тука е и желбата за победа, желбата да се биде прв, желбата никогаш да не се запре. Верувам дека е ова нова вредност која сигурно ќе ја придодадеме во врската меѓу нашата фирмаи тимот на Yamaha ».


Co создавањето на Fiat Yamaha Team, во 2007, Фиат Автомобили С.п.А. одлучи да да продолжи со стратегијата на приближување кон универзумот на младите со иновативни и пристапни производи, но и благодарение на иницијативите со голем одзив и силен емотивен впечаток, како што е MotoGP, спортски настан кој, по правило ги привлекува младите пасионирани моторциклисти.


Лоренцо Систино, Управителот на Фиат Автомобили СпА продолжи: «Спонозрство на Yamaha е многу важен чекор во стратегијата на нашиот бренд кој се стреми да се приближи кон младите и да биде во склад со нивните интереси и страсти. Соработката со Yamaha без сомневање создаде успешно партнерство, победнички став во поглед на напредокот и реномето на нашата марка. Трките на MotoGP денес се гледаат во 184 земји достигнувајќи цифра од преку 330 милиони гледачи и на овој начин секако  го приближуваат нашиот бренд до многу луѓе. Fiat и Yamaha се две марки кои имаат многу заеднички точки: во изминатите три години постигнати се позитивни резултати на пазарите во најразлични земји во светот. Сигурен сум дека страста што ја буди Fiat Yamaha Team најде начин да го пренесе и прошири успехот и на Fiat. 2009 година за нас беше многу важна: во период на крајно тешки услови за многу автомобилски конструктори, марката Fiat во европа постигна најдобар резултат од 2001, достигнувајќи до денес учество од 7.1 проценти. Намерата ни` е да продолжиме со ваквиот настап и во 2010 со триумфи на пистите на овој тим, и да продолжиме по добриот пат на одлични постигнувања на пазарот.».



Фиат Автомобили С.п.А. и Yamaha до денес остварија иновативна соработка која излезе од границите на традиционалното спортско спонзорство за да стане платформа на која се изградија комуникација, маркетинг, јавни односи, адвертајзинг и Web 2.0, и основа за стратегијата на позиционирање на марката. Победничката стратегија во текот на првите три години донесе опипливи бенефиции во поглед на враќање на имиџот и славата на двете фирми, ќе биде имплементирана во текот на сезоната 2010.


Фиат Автомобили С.п.А., покрај тоа што постојано го ажурира сајтот www.fiatyamahateam.it и раководи уште поинтензивно со социјалната мрежа, преку проширување на ексклузивните содржини поврзани со Yamaha Team, одново ќе го користи инструментот на комуникација преку облеката на тимот со што на уште повеќе ќе се доближи до широката јавност.


Активно и на светско ниво, спозорството ќе и` овозможи на Фиат Автомобили С.п.А. да го користи имиџот на Fiat Yamaha Team на соодветните пазари преку локалната продажба, клиентите и медуиумите. Во 2010 на MotoGp во Унгарија Тимот ќе дебитира и на овој пазар со што ќе биде отворено приуството на Fiat во Европа.


Како во минатото, Fiat ќе може да оствари капањи на комуникација користејќи го спортскиот имиџ на возачите. Двата официјални мотори Yamaha ќе го носат логото на Fiat на страничните делови на седиштето на предниот дел од моторот и на резервоарот. А, со потписот на  Fiat ќе бидат означени и скафандерите на двајцата возачи – на централниот дел, предниот и задниот како и на нозете – како и униформите на целиот тим механичари на Fiat Yamaha Team. На крај, логото Fiat ќе го има и на официјалните комуникации на тимот и ќе престојува во делот “hospitality”, во боксовите и на камионите кои се користат за превоз на моторите низ целиот свет.

 

Торино, февруари 2010

Back 

Created by ljupka on 08.02.2010

 
©2007 Аутомобиле СК, сите права се задржани