 |
|
|
 |
 |
 |
|
 |
|
Нов лимаро-фарбарски центар на Automobile SK
|
|
Нов лимаро-фарбарски центар на Automobile SK
На површина од околу 600 м2 неодамна започна со работа нов лимаро-фарбарски центар. Изграден според усогласените стандарди и норми на производителoт и најсовремената опрема, овој центар секогаш е подготвен да ги задоволи портебите на сопствениците на возилата од Fiat, Lancia, Alfa Romeo и Fiat Professional. Kвалификуваниот стручен кадар со долгогодишно работно искуство го гарантира квалитетот на извршените задачи.
.JPG)
Во специјализираниот лимаро-фарбарски оддел се вршат висококвалитетни поправки на сите видови патнички и комерцијални возила од гамата на овие европски марки. Тој располага со две предкомори кои служат за подготовка и отстранување на сите каросериски оштетувања на возилата. Двете најсовремени комори пак овозможуваат квалитетно бојосување и сушење на возилото. Благодарение на врвната технологија, целиот процес е поедноставен, поквалитетен и побрз. Боите кои се користат се на водена база и ги задоволуваат сите стандарди за зачувување на животната средина и околина.

Во склоп на центарот се наоѓа и магацин за резервни делови како дел од навременото завршување на сите поправки.
Исто така лимаро-фарбарскиот центар е опремен и со соодветен наменски апарат што служи за извлекување на сите видови оштетувања на возилата. За посложените поправки и тешкодостапните места на располагање се дигалките кои ја комплетираат сликата за еден модерен центар.

|
| Back
|
Created by aleksandar on 03.11.2009
|
|
|
 |
|
 |
|
 |
|
 |