Friends link: air max 95 coogi

 


Fiat Panda го надмина производствениот таргет од 1,500,000

  Fiat Panda го надмина производствениот таргет од 1,500,000

Уште една историска пресвртница за Panda и за Fiat Auto Poland во фабриката Tychy, каде што и се произведува. 1,500,000-та Fiat Panda беше скоцкана во полскиот производствен погон: станува збор за 1.3 Multijet Emotion, сина магнетик боја наменета за за еден италијански купувач.

Производството на Fiat Panda во Tychy започна во 2003 и непрестано се зголемуваше во текот на годините. Годинава, ќе биде произведен и рекорден број од 285,000. Ова возило доби и огромен број на обожаватели на целиот европски пазар. Овој успех се должи на многуте награди и признанија, вклучувајчќи ја и престижната награда за Car of the Year 2004. Panda е вистински феномен на пазарот и тоа според сите стандарди: останува најдобро продавана во сегментот A во Европа и тоа непрекинато од 2003. За илустирање на нејзните успеси не помалку од 93.3 проценти од Panda произведени во Tychy се извезени во 74 земји, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Африка и Мексико (како и Италија, Франција и Германија како најголеми пазари).

Fiat Panda се наоѓа на пазарот со сите мотори, вклучувајќи ги трите бензински мотори (54 HP 1.1, 60 HP 1.2 и 100 HP 1.4) и дизел моторот (70 HP 1.3 Multijet), со незначително влијание на околината и ултра ниската потрошувачка на гориво. Да ги споменеме и верзиите 4x4, специјалните серии (Mamy, Glam и Adventure) како и eco-friendly метан и LPG Natural Power, како и заветот даден од страна на Fiat за почитување на околината. Fiat Panda може да биде екипирана со мануелен управувач или со автоматски Dualogic.

Фабриката Tychy каде се произведува Fiat Panda е дел од елитна автомобилска индустрија што неодмна се потврди со интернационалната сребрената награда за 'Word Class Manufacturing' за примена на најдобри и најефективни произвоствени процеси и методи на менаџирање. Сето ова има директно влијание на квалитетот на произведените возила: на пример, Fiat Panda го достигна првото место за градско возилово сегментите A и B според податоците публикувани од ADAC (German Automobile Club).

Fiat Auto Poland во фабриката во Tychy вработува околу 6,000 и на секои 35 секунди од производствената линија излегува по едно возило. Се предвидува дека оваа година ќе произведе околу 600,000 возила.

 

Торино, 23 јули 2009

Back 

Created by ljupka on 10.08.2009

 
©2007 Аутомобиле СК, сите права се задржани