Friends link: air max 95 coogi

 


Fiat Bravo co иновативен систем “eco:Drive”

 

   После Fiat 500 и Fiat Grande Punto, од денес и Fiat Bravo - опремен со Blue&Me - ќе може да го користи системот “eco:Drive”, иновативен систем што им овозможува на возачите подобро да сфатат како нивниот стил на возење влијае врз потрошувачките и нивото на издувни гасови.
   На сајтот www.fiat.com/ecodrive, во првите пет месеци од лансирањето ќе може беспланто да се симне апликативниот софтвер (и да се инсталира на сопствениот компјутер) и веќе е симнат од околу 35.000 корисници. Инаку, повеќе од 10.000 лица го користат овој софтвер за да го набљудуваат сопствениот стил на возење, анимирајќи го притоа начинот на возење “eco:Ville”, заедница on-line каде мoже да се подели интересот и и да ја зголеми свеста за еко одговорност. Со тоа се покажа дека интересот кај јавноста е огромен, но и конкретното ангажирање: токму благодарение на советите на сајтот eco:Drive”, заштедени се повеќе од 700 тони CO2 во Европа, еднакви на енергија потребна за осветлување на улиците во град како што е Женева за цели 8 месеци.

          

   И подетално, додека се возите во својот автомобил, “eco:Drive” ги собира сите информации кои се однесуват на ефикасноста на возилото, и на начинот на возење на возачот. Сите податоци преку USB на повеќенаменскиот Blue&Me, се пренесуваат во внатрешноста на веќе постоечкиот USB и подготвени се за понатамошно читање на компјутер. Всушност корисникот може внуимателно да ги анализира потрошувачките на секое одделно патување (ecoIndex) и да добие совети за тоа како да вози за истите да се намалат. Благодарение на вкавата серија на прогресивни препораки може да се поправи сопствениот стил на возење: доволно е да се помисли на тоа дека со повеќе совети се зголемува еко совеста и така се станува повнимателен односно поодговорен и да се подобри стилот на возење за цели 15%, што значи да се намалат штетните издувни гасови на CO2 за 15% и да се оствари годишна заштеда на гориво од 120 до 200 евра.

   По 500, Grande Punto и Bravo, во 2009 системот ќе биде проширен на целата гама Fiat опремена со Blue&Me и постојано ќе се ажурира, благодарение на придонесот на корисниците, правејќи го уште покорисен. Да потсетиме дека “eco:Drive” е еволуција на Blue& Me, платформа развиена од страна на Fiat Group Automobiles и Microsoft која веќе доби неколку меѓународни признанија и достигна бројка од 500.000 инсталирани парчиња за две години на различни модели на Групацијата.

Back 

Created by ljupka on 23.03.2009

 
©2007 Аутомобиле СК, сите права се задржани